Пејачот во 64-та година стана татко

Пејачот  Аки Рахимовски (64), добил ќерка со 27 години помладата Словенка Барбара Весел (37).

Аки и Барбара на ќеркичката и дале име Антонија.

Девојчето е родено пред три месеци, а веста ја потврдила мајката на здравствената техничарка од Словенија.

Парот досега врската ја држеше далеку од очите на јавноста.

За приватниот живот на Аки малку се знае. Двапати се венчал, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така познат музичар. Вториот брак, со таинствената Ингрид, траел 14 години и до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Тие ја имаат ќерката Дина.

Инаку, Аки пред неколку месеци имаше полесен срцев удар.

Коментари

Популарно