ВИДЕО: Елтон Џон го изгубил гласот на пола концерт

Познатиот британски музичар Елтон Џон го прекинал денеска концертот во Нов Зеланд откако го изгубил гласот.

Елтон Џон (72) го изгубил гласот на пола концерт во рамките на прошталната турнеја “Yellow Brick Road”, а потоа паднал на клавир и почнал да плаче.

- Само што го загубив гласот целосно. Неможам да пеам. Морам да одам. Жал ми е – рекол видно потресен Елтон

Публиката музичарот го испратила со овации, и со помош на неколку асистенти, ја напуштил сцената во Окланд.

На Елтон Џон и порано му било дијагностициранао т.н. запаление на плуќа во движење.

Запаление на плуќа во движење е познато како атипична пнеумонија, врста на инфекција на плуќа која најчесто е предизвикана од бактерија или вирус, пренесува Аваз.

Коментари

Популарно