Какви прекари си имаат дадено Хари и Меган?

Како и сите љубовни парови, така и Меган и Хари користат прекари еден за друг. Но наместо традиционалните (и помалку досадни) „душо“ или „срце“, тие имаат попрактични и сосема уникатни.

Како што пишува магазинот Пипл, Меган и Хари меѓусебе се викаат по иницијалите „М“ и „Х“, односно според првата буква од своето име.

Ова за прв пат беше откриено во документарниот филм „Хари и Меган: Африканско патување“ кога таа за прв пат го откри посебниот прекар на својот сопруг.

Исто така, магазинот пишува дека парот во овој момент е „вљубен од кога било“.

Коментари

Популарно