Без патните исправи им виси работата во странство на македонските работници

Недостигот на обрасци за пасоши е стрес за многу македонски работници кои си обезбедиле работа во странство и треба да заминат надвор од државата.

Овие денови сите очи се вперени кон МВР и се чека решение што ќе се прави со пасошите.

Од повеќето агенции за посредување при вработување не сакаат да коментираат и велат дека тоа е работа на МВР, тие се должи да обезбедат пасоши за странките.

„Ние посредуваме за работа во странство, сезонски, и тој ангажман почнува од месец мај. Сме имале среќа и кај нас нема некој сериозен проблем, во смисла да се пожалат луѓето дека можеби нема да можат да извадат пасоши. На 30 клиенти се случува еден да каже дека не му е обновен пасошот, но и тој човек секако ќе стигне да си го обнови пасошот, затоа што ќе замине во мај да работи“, велат од една скопска агенција за посредување при вработување.

Граѓаните се незадоволни, велат дека службите не си ја вршат работата.

„Тргнав за лична карта, да ја земам ако е готова, но сигурно ќе биде проблем за луѓето за кои ќе нема пасоши. Ако некој веќе резервирал авионски билет, и за една недела треба да тргне, нормално дека ќе има проблем“, рече Саринка Стојановска, од Куманово.

Kaтерина Димковска, граѓанка раскажува дека има луѓе кои треба да се вратат во земјава, пасошот им истекува и стравуваат дека нема да можат да се вратат назад поради немање нов, важечки пасош.

„Од два – тројца луѓе кои се во Германија слушнав дека треба да се вратат, по што пасошот им истекува и страв им е дека нема да можат да ја напуштат државата, да се вратат назад на работа. Има некои информации за пасоши по итна постапка, но тоа ќе значи да платат 4.800 денари“, вели таа.

Од туристичка агенција во Кочани велат дека дел од граѓаните ги одложуваат патувањата поради немање пасош.

„Една девојка вчера не можеше да резервира авионски билет за Германија затоа што нема валиден пасош. Ќе мора да почека, и да го одложи патувањето“, додаваат оттаму.

Министерството за внатрешни работи (МВР) очекува да добие 100.000 обрасци за патни исправи во март. 

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи. 

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  на меѓународни конгреси, студенти во странство и слично.

Извор - Фактор

Коментари

Популарно