Станува ли разрешената министерка Мизрахи нова опозициска ѕвезда

Партиите ги почнаа своите средби со граѓаните, иако официјалната кампања се уште не е почната.

А во таборот на ВМРО-ДПМНЕ, забележливо е дека на терен е видно присутна Рашела Мизрахи, разрешената сега ексминистерка од партијата, која беше сменета бидејќи држеше прес конференција пред табла со старото уставно име на земјава, а техничкиот премиер Оливер Спасовски не можеше да премине преку, како што рече, кршењето на Уставот.

Таа од овие средби објавува серија фотографии на свохот фејсбук профил, проследени со нагласени патриотски постови.

„Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија. Време е да се сплотиме и да одиме напред. Ние сме македонски народ. Нема да молчиме и лавовски ќе се бориме еден до друг“, напиша синоќа Мизрахи.

Друг пост, пак, гласи „Ако се потсетиме само две поколенија наназад ќе се увериме дека сите сме или роднини или пријатели. Никој не е херој сам, ама херојската победа се остварува само со тимска работа. Да стоиме заедно со нашиот Претседател Христијан Мицкоси, заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот“, вели поранешната министерка.

Коментари

Популарно