ФОТО: Синот на Аркан повторно има проблем со Вељко Ражнатовиќ

Војин Ражнатовиќ, син на починатиот Жељjко Ражнатовиќ Аркан, не е во најдобри односи со фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, ниту со неговиот полубрат Вељко и полусестрата Анастасија.

Постариот Ражнатовиќ, кој живее во Америка откако беше убиен неговиот татко, ги следи настаните во Србија и честопати коментира за својот помлад брат.

Така и овој пат тој се појави и на Инстаграм каде ги моли своите следбеници да го остават на мира и да не му ја праќаат фотографијата од дипломата на Вељко.

„Ве молам, престанете да ми праќате слики од дипломи и други престижни работи од другите Ражнатовиќи во инбокс. Знам, дека е вистинска и валидно", напиша Војин малку цинично.

Инаку Вељко стана дипломиран економистна факултетот за применети и правни науки Прометеј во Бања Лука.

Коментари

Популарно