За нејзината врска со сопругот на Карлеуша зборуваше цела Турција

Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдеатурските медиуми.

Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.

Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“, а и на нашата публика не и е непозната будејќи играте во една од познатите турски серии. Инаку, таа е во врска со музичарот Мурат Боза.

Коментари

Популарно