ФОТО: Александра сакала да ги тетовира очите, отишла кај тату- мајстор трпела болки, па...

Александра Садовска, 25- годишна девојка од западна Полска ослепела бидејќи одлучила да ги тетовира белките на очите.

Тату -мајсторот кој го извел боењето на белката, на манекенката и рекол дека е нормално да има големи болки и да пие анелгетици.

Откако го изгубила видот на десното око, лекарите и рекле дека поради големо оштетување ќе го изгуби видот и на другото око.

По истрагата се испоставло дека најголем виновник е тату- мајсторот кој користел мастило кое е за тело и никако не би требало да влегува во очите. Тој не знаел како да ја изведе целата постапка, па со својата одлука ја довел девојката до голема опасноат.

„Се плашам дека целосно ќе ослепам, но нема да се заклучам во подруми да страдам. Животот оди понатака“ рекла Александра. Тату- мајсторот е прогласен за виновен, а и тој самиот ја признал вината.

Коментари

Популарно