Видео: Пациентка со коронавирс со видео порака ги предупредува луѓето

Тара Џејн Лангстон,39-годишна пациентка од коронавирус во Велика Британија, објави застрашувачко видео од нејзиниот болнички кревет во кое ги опишува нејзините симптоми. Дишењето сега е „како да имате стакло во вашите бели дробови“, изјави таа за MailOnline.

Таа рече дека го направила видеото за да ги предупредува сите другите кои сè уште не се оддалечуваат од социјалното дружење.

39-годишната жена која се лекува на Ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот, направи видео од својот болнички кревет во одделот за интензивна нега како предупредување за другите луѓе навремено да се заштитат.

Во видеото, кое брзо се распространи на социјалните медиуми, Тара Џејн Лангстон им ги покажува на гледачите двете цевки во рацете и цевката за дишење што ја користеше, борејќи се за здив додека зборуваше.

 

MISERICÓRDIA!.!.!. E ainda idiotas falando que é apenas uma gripe forte ... bando de retardado .!!.!.

Posted by Luis Gustavo Moretti on Wednesday, March 18, 2020

Во видеото, таа исто така им порачува на пушачите да ги „остават цигарите“ велејќки „Сите што пушите цигари, сега откажете ги! Бидејќи сега ти кажувам, ти требаат твоите бели дробови“! рече таа.

Лангстон изјави за MailOnline дека дишењето е „како да имате стакло во вашите бели дробови“.

Лангстон, за MailOnline рече дека е во болницата Хилингдон во Лондон. Таа во видеото изјави: „Ако некој размислува да превземе какви било мерки, само погледнете ме… Затоа што ако станува навистина лошо, тогаш ќе завршите тука“. Исто така изјави дека нејзината состојба тогаш била „10 пати подобра“ отколку што се чувствувала порано.

Лангстон изјави за MailOnline дека некогаш мислела дека појавата на коронавирус е презаситена, па поради тоа го направила и видеото, за да ги предупреди колегите за  настанот што го планирале.

„И јас го имав тој став предтоа, дека тоа се измислици и глупости, едноставно се бунтував пред да го доживеам ова – не бев човек што би ја купил целата таа хистерија и паника“, рече таа. „Но, тогаш го добив коронавирусот и никогаш повеќе не сакам да доживеам нешто слично на тоа, бидејќи тоа беше длабоко непријатно искуство“.

MailOnline ја опиша Лангстон како здрав гимнастичар и како што е под 70 години, не се смета дека е изложена на голем ризик од сериозен случај на Ковид-19. Таа рече дека другите луѓе што ги видела во болницата изгледале дека се постари околу 50 или 60 години.

Откако го снимаше видеото Џејн делумно се опорави и е иселена од МКГ, објави во четвртокот „МаилОнлајн“.

Од петок, Велика Британија објави повеќе од 3.000 случаи на коронавирус и повеќе од 140 смртни случаи. Сепак, властите во Велика Британија рутински ги тестираат само луѓето кои веќе се во болницата, така што вистинската бројка е веројатно поголема. А премиерот Борис Џонсон во понеделникот повика на прекин на сите движења и дружење, но многу луѓе го игнорираа ова. Тој апелираше до граѓаните да ги прекинат и избегнуваат сите „небитни“ контакти и патувања, вклучувајќи го и дружење во пабови или ноќни клубови. Премиерот истакна дека без овие мерки, случаите на коронавирус може да се удвојуваат на секои пет или шест дена.

Но, без директна наредба да се затворат, пабовите и другите бизниси сè уште беа преполни со луѓе оваа недела, особено за прославите на Денот на Свети Патрик во вторникот, објави во средата „Метро“.

Луѓето го славеа Денот на Свети Патрик во Единбург, Шкотска, во вторникот и покрај предупредувањето на премиерот да се избегнат социјалните собири.

Таа исто така рече дека болницата снемува маски за лице и како видела една медицинска сестра дека користи нешто што личело на целофан над лицето.

Нејзиниот сопруг изјави за MailOnline дека Лангстон добро се чувствувала откако го направила видеото и сега и треба многу помалку кислород.

Извор:Мое здравје

Коментари

Популарно