Откако син на пратеничката од СДСМ ја доби за фотографија за седење дома, Град Скопје рeши да ја укине паричната награда

Фотографијата на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолaција сами, со нивните семејства или со милениците.

Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии, соопшти град Скопје.

До тие ли 100 евра ви дојде ли, беа еден од коментарите на социјалните мрежи.

По само три дена од кампањата „Скопје дома“, поради низата лoши коментари, Град Скопје рeши да ја уkине паричната наградата од 100 евра која требаше да ја доделува секој ден за една најкреативна фотографија направена дома.

Градот ја организираше кампањата на социјалните медиуми за поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови. Поради појавените нeгативни коментари и немањето потреба оваа кампања да прeдизвикува koнтроверзии во јавноста, решивме од денеска да ја уkинеме паричната награда на конкурсот“, велат од град Скопје.

Оваа кампања, посочуваат оттаму, било планирано да трае 30 дена и секој ден да се доделува по една награда од 100 евра. Сега кампањата ќе продолжи, и понатаму ќе се избира најкреативна фотографија, но нема да се доделува награда.

Сметаме дека на Скопјани не им е потребен единствено финансиски поттик за да меѓусебно се охрабруваат како креативно да го поминат времето дома, потенцираа од град Скопје.

Коментари

Популарно