На местото на знамето на ЕУ италијанците го ставаат знамето на НР Кина и на Русија

Се почесто на социјалните мрежи се поставуваат фотографии и видеа од државјани на Италија кои својата благодарност за помошта во справувањето со коронавирусот ја изразуваат на Народна Република Кина или на Руската Федерација, незадоволни од реакцијата на Европската Унија и Западна Европа, од каде не пристигна помош.

"Италијанците го ваѓаат знамето на Европска Унија и го ставаат знамето на НР Кина. После кризата дефинитивно следи распад на ЕУ, пишува на постот.

Таков е и примерот кој на социјалните мрежи го објави Федерико Кане, италијанец кој знамето на ЕУ го замени со знамето на Руската Федерација порачувајќи „Грацие Путин, грацие Росија“

Коментари

Популарно