Дали интровертните луѓе се и асоцијални?

Во секојдневието често се поистоветуваат поимите интровертност и асоцијалност. Меѓутоа, тоа не е оправдано. Кога ќе кажеме дека некој е интровертен, мислиме на карактерот, на определена структура и карактерни црти.

Интровертите се прифаќаат себеси такви какви што се и се чувствуваат добро во својата кожа, како и сами со себе, така и во друштво. Интровертните луѓе може да ја развијат асоцијалноста како проблем.

Праксата покажува дека во многу случаи, интровертните луѓе стануваат асоцијални кога нивното опкружување не ги прифаќа такви какви што се.

Определено време, асоцијалните луѓе стануваат и екстроверти, најчесто во ситуација кога се справуваат со анксиозност, панични напади и депресија. Ова се разликите помеѓу овие две категории:

Социјална интеракција

Интровертите сакаат да бидат во друштво, но тоа не им е потребно за да бидат среќни и исполнети(за разлика од екстровертните луѓе). Тие преферираат да бидат во мала група луѓе. Понекогаш сакаат да останат дома за да читаат книга или гледаат филм. За разлика од нив, асоцијалните луѓе избегнуваат средби со луѓе бидејќи се чувствуваат непријатно. Одат на состаноци само кога тоа е навистина неопходно и не изглегуваат од нивната комфор зона.

Социјални вештини

Да се биде интровертна личност значи да се немаат социјални вештини. Нивните интереси се многубројни и со нив може да водите разговор на различни теми бидејќи не се заинтересирани за површни разговори. Интровертот преферира да гледа низ прозорец отколку да зборува со некого кого не го познава.

Асоцијалните луѓе, разговорот го сметаат како извор на непријатност и не иницираат никаков разговор, избегнуваат да се јават на телефон. Опкружението ги доживува како чудни и незаинтересирани.

Анксиозност, депресија, срам

Потребата на интровертите да бидат сами е окарактеризирана како срам, анксиозност и депресија. Тие знаат да бидат тивки, повлечени и во свој свет, но тоа не значи дека не се чувствуваат добро.

Асоцијалните луѓе имаат интензивно изразена социјална анксиозност. Меѓутоа, ова не важи за сите бидејќи голем број од нив се свесни за проблемот со кој се соочуваат, па се во социјална интеракција за да го надминат истиот.

Бирање партнер

За интровертите, бирањето на партнер е многу важно. Тие се селективни и кога станува збор за бирање на пријатели. Потребно им е време за да се поврзат со некого и важно им е да имаат некој кој ги разбира и ги прифаќа. Асоцијалните луѓе ги избегнуваат овие односи и ги сфаќаат како непотребна социјална интеракција.

Коментари

Популарно