ФОТО: Младата активистка Грета Тунберг верува дека е заразена од коронавирусот

Активистката Грета Тунберг преку социјалната мрежа Инстаграм истакна дека се сомнева оти е заразена од коронавирусот.

-Последните две недели сум дома. Кога се вратив од својот пат околу Централна Европа се изолирав во стан, подалеку од мајка ми и сестра ми, со оглед на тоа што бројот на заразени во Германија и Италија беше сличен. Пред околу 10 дена почнав да чувствувам симптоми, истовремено како и мојот татко кој патуваше со мене од Брисел. Чувствувам замор, треска, ме болеше грлото и кашлав. Мојот татко ги имаше истите симптоми, но многу посериозни и со температура, напишаа Тунберг.

Вели дека не се тестирала зашто немала сериозни симптоми, па верува оти веќе го прележала вирусот, доколку го имала. Апелираше на малдите да бидат сериозни во оваа ситуација и да се изолираат, дури и кога имаат многу благи симптоми.

Коментари

Популарно