Како да бидете сигурно дека не сте го донеле коронавирусот дома

Колку долго вирусот опстојува на различни површини, како да знаете дека не сте го внеле од надвор и како да се заштитите од него? Да речеме, ако сте се вратиле од пазарање што е она на што треба да обрнете внимание.

Ново истражување објавено во весникот „New England Journal of Medicine" открило дека коронавирусот Сарс-Ков-2 останува постабилен ако падне на површина од пластика и челик и дека му се нарушува стабилноста ако падне на картон или бакар, пренесува „The Economist".

Резултатите од истражувањето покажале дека трагите од вирусот на пластика може да се задржат и до три дена после првобитната контаминација. Вирусот на картонската површина преживува еден ден, додека на бакарна преживува 4 часа. Што се однесува до воздухот, вирусот во него се задржува најмалку 3 часа.

Најголем ризик претставува директен контакт со заразени, па пред се е неопходно да држите растојание од луѓето, но препорака е да се преземат овие мерки.

Клучна работа кога ќе дојдете од надвор е да ги измиете рацете, детално најмалку 20 секунди. Потоа јакните и капутите да ги оставите надвор да се проветрат, чевлите пред врата или испрскајте ги на база на хлор и дезинфицирајте ги површините на кои можеби сте ги пренеле бактериите. Задолжително дезинфицирајте ги мобилниот телефон и клучевите и не прегрнувајте се и не бакнувајте се со домашните.

Секако, главна препорака е да не излегувате од дома освен поради итност или кога одите во набавка.

Препорака од експертите за дезинфицирање на површини, како што пренесува Би-Би-Си е да се чистат со алкохол од 32 до 71 отсто, избелувач хидроген пероксид од 0,5 отсто или домашен избелувач кој содржи 0,1 отсто натриум хипоклорит.

Коментари

Популарно