Избраните функционери ќе преболат 1.000 до 1.500 евра од платите

Владините функционери и раководителите именувани од Владата ќе мора да преболат околу 1.000 до 1.500 евра од своите нето-плати доколку биде прифатен предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, тие наредните два месеци да добиваат само минимален доход од 14.500 денари.

Коефициентите на нето-платите на сите овие функционери и управители се движат од 3 до 4, бројки што се множат со просечната нето-плата во Македонија. Последно што е објавено од Владата е дека на Ариф Асани, заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност, коефициентот од 2,9 му се заменува со коефициент 3,5 по половина година откако е избран.

Заев во своето последно интервју за „Фактор“ рече дека мерката ќе се однесува на сите во јавниот сектор, односно, како што вели тој, од премиерот, министрите, пратениците до сите избрани и именувани функционери на централно и локално ниво. 

Целата статија прочитајте ја на Фактор.мк

Коментари

Популарно