Прв спортски работник од Македонија позитивен на тестирањето

Меѓу 555 заболени во Македонија се наоѓа и првиот спортски работник. Станува збор за проф. Љубиша Пешко, поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а сега селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, но и претседател на боречкиот клуб Вардар.

Тој е хоспитализиран, но се чувствува добро и засега нема силни симтоми.

Љубиша Пешко беше сениорски репрезентативец на Македонија под водство на Насе Насевм, настапуваше за Спартак Руен и за Бучим Јака, а потоа навлезе и во тренерските води.

Комисијата за превенција од заразни болести во текот на утрешниот ден би можело до Владата да поднесе барање за зајакнување на мерките во земјава, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој дискусијата ќе се води на утрешната седница на Комисијата за заразни болести.

„Влегуваме во втора фаза, кога ќе расте бројот на заболени и затоа порачувам да се избегнуваат физички контакти, тие да се сведат на минимум бидејќи веќе има асимптоматски слуачи кои не можат да се забележат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека остануваат проекциите пикот на болеста да биде на крај на месецов.

Коментари

Популарно