Предлог за денешен ручек

Одличен рецепт за поховање тиквици…

СОСТОЈКИ:

2 средни тиквици

5 јајца

200 гр брашно

300 гр презла

сол

3 дл масло за пржење

СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ:

малку магдонос

1 чешне лук

1 лажица маслиново масло

1 лажица јаболков оцет или лимон

прстофат сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Добро измијте ги тиквиците, исечете ги врвовите и потоа со тенок нож сечете тенки листови. Исечените тиквици посолете ги и оставете ги 15 минути да го пуштат својот сок кој треба да го исцедите.

Разматете јајца, посолете. Тиквиците прво извалкајте ги во брашно, јајца, повторно во брашно, јајца, па во презла.

Пржете ги на средна температура додека не поруменат од двете страни.

Врелите тиквици премачкајте ги со маринада: измешајте исечкан магдонос, лук, оцет, масло и малку сол.

Коментари

Популарно