Пејачот конечно стана „дедо“

Пејачот Дино Мерлин, стана дедо, потврдено е од кругови блиски до неговото семејство.

Тој го добил својот прв внук, ред неколку дена, од неговиот син Хамза и снаата Џенета Табаковиќ -Дервишалидовиќ, а бебето го добило името Незир.

„Мајката и бебето се веќе дома и се чувствуваат добро. Честитки до семејството доаѓаат од сите страни“ - рече изворот.

Синот на Мерлин, Хамза, се ожени со Џенет минатата година, а нивната љубов трае уште од средно училиште и тие оттогаш се неразделни. Тие беа во врска седум години. Момчето го доби името на неговиот прадедо Незир, татко на сопругата.

Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида која стана тетка.

Коментари

Популарно