Ако лифтот почне да паѓа – ова никако не смеете да го направите!

Без разлика дали имате страв од лифтови, важно е ова да го знаете. Ако се откачи лифтот и почне да паѓа, а вие сте во него, еве што не треба да правите.

Постои легенда дека доколку се откачи лифтот, треба да се скокне во момент пред падот. Прво, кога знаете дека ќе го допре дното? А второ, и да скокнете при слободен пад, тоа е недоволно да си го спасите животот.

Никако не треба да се стои исправено. Ударот под притисок на тижината, која е 10 пати потешка од вашето тело ќе падне на вашите нозе во момент на ударот.

Легнете на под! За да ги намалите шансите да настрадате и да го преживеете падот најдобро е да легнете на подот, на средината на лифтот, така што рамномерно ќе ја распоредите тежината на телото.

Коментари

Популарно