Луѓето ширум светот живеат во изолација за да се спречи ширење на вирусот, а еден човек доброволно реши да помине време во карантин и тоа веќе 30 години.
Кога запловил во 1989 година, Мауро Морани не можел да знае дека моторот на бродот ќе му се исклучи, ниту дека морето ќе го однесе на брегот на италијански остров меѓу Сардинија и Корзика.
Островот толку му се допадна што реши да го продаде бродот и да живее на најубавата плажа како чувар.
Најубавата плажа во архипелагот се наоѓа токму на островот во кој Мауро реши да се пресели и да остане да живее. Розевиот песок каков што може да се види во егзотичните делови од светот е гордост на островот.