Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска „А што ви е гајле вас реисот со каква жена се оженил“?

Изминативе денови топ тема е веста дека Реисот Реџепи се ожени за 50 години помлада девојка.

Во врска со тоа интересен статус на својот ФБ профил објави Фросина Ѓорѓиовска. Таа напиша:

„А што ви е гајле вас реисот со каква жена се оженил? Што не си гледате вие што имате по дома? Или страв ви е да размислувате за себе и својот живот, па секогаш е подобро на вакви теми да се мавне сеир? Гледам дека најмногу коментираат за него оние што се дупло помлади од него, а не можат да си фатат женска, оние женетите за ругоби што им ствараат импотенција. Се заебаваат со реисот оние женчиња што не можат да фатат ни ебач, ни дечко и онаа сорта на жени што врвен дострел у животот им е праење сарма, раѓање и живеење во конзерва, а се мажени замо затоа што така треба, иако не можат веќе да го гледаат мажот како им се мавта по дома у синдикалка и им ждрига. Ај прво прашајте се зошто не сте среќни, па после судете за нечиј друг живот.“

Коментари

Популарно