Таа уште се држи

Српската актерка во седмата деценија објави провокативни фотографии и ги воодушеви своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм.

Српската театарска, филмска и телевизиска актерка Даница синоќа помина одредено време во спа-центарот каде што се опушти со добро вино и јагоди.

Актерката на социјалните мрежи објави неколку видео-снимки и фотографии од џакузи каде што ужива, а по изразот на лицето може да се забележи дека цел амбиент и годел и дека е среќна.

Актерката позираше во црн едноделен бикини костум во провокативни пози, а насмевката не ја тргна од лицето.

Даница на Инстаграм ја следат повеќе од 55.000 фанови, а на оваа објава собра повеќе од 2.000 лајкови.

Коментари

Популарно