(Видео) Кога погледнаа внатре, истражувачите открија…

Кога во Рим сред улица се отвори дупка, беше откриен уште еден скриен дел од италијанската престолнина.

Дупката, околу 2,5 метри длабока и 3 метри долга, се појави минатиот месец на популарно место меѓу туристите, а во меѓувреме е откриено дека под неа се крие античка калдрма.

За среќа, штета е избегната поради пандемијата на вирусот, поради кој немаше туристи. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега може да видат како изгледал нивниот град пред новата ера.

Истражувачите велат дека знаеле за античките камења со години, но не се осмелувале да почнат со копање за да не ги оштетат. Првпат се откриени во 90-те години на минатиот век.

Коментари

Популарно