Во Италија цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година

Во Италија, здружението за заштита на потрошувачи „Кодаконс“ процени дека во август, поради правилата за ограничениот број на луѓе на плажи, ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние кои ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакетот мерки за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, Кодаконс процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

Коментари

Популарно