Видео: Големо невреме во Грција , невидени глетки на Халкидики , најмалку еден загинат

Силно невреме погоди повеќе региони во Грција, донесе грмежи, молњи и обилни врнежи од дожд. Невремето однесе најмалку еден живот.

Обилните дождови, претежно проследени со град и силен ветер, зафатија најголем дел од Грција и, според метеоролозите, ќе траат до петок.

Една жена загинала  од гром на островот Скопелос, пренесува „Грик Репортер“. Невремето ја погоди и Атина, каде имало силни врнежи и грмежи.

Драматично е и на Халкидики, каде паднал град. На регионалниот пат Полигирос-Солун патничките возила и камионите стојат неколку часови поради големата количина мраз на патот, пренесува „Блиц“.

Во некои области, поради напаѓаниот град пејзажот изгледа како да наврнало снег, има поплавени патишта и полиња. Екстремните временски услови се одразија и на југот на Каламарија и Олимпија.

Коментари

Популарно