Фолк пејачката подготвена за настапи!

Конечно заврши карантинот и сега настапите, музиката, пеењето и публиката се враќаат на сцена. Пејачите радосни веќе започнаа со своите ангажмани. Меѓу првите е фолкерката Сани Гроздановска, која после три месеци пауза, со нетрпение чека да им запее на обожавателите. Па дури и маска си дизајнирала за таа пригода.

Но, не би било тоа тоа ако Сани не напише и некој статус и секако да  предизвика насмевка кај нејзините следбеници на социјалните мрежи. „Вежбам одење на штикли“, напиша таа бидејќи ја чека долго играње и пеење по долгата пауза.

Инаку, Сани во петок ќе пее во скопски ресторан,  но овој пат наместо внатре и пред гостите до маса, Сани ќе пее на отворено. (М.А)

Коментари

Популарно