Фолк пејачката подготвена за настапи!

Конечно заврши карантинот и сега настапите, музиката, пеењето и публиката се враќаат на сцена. Пејачите радосни веќе започнаа со своите ангажмани. Меѓу првите е фолкерката Сани Гроздановска, која после три месеци пауза, со нетрпение чека да им запее на обожавателите. Па дури и маска си дизајнирала за таа пригода.

Но, не би било тоа тоа ако Сани не напише и некој статус и секако да  предизвика насмевка кај нејзините следбеници на социјалните мрежи. „Вежбам одење на штикли“, напиша таа бидејќи ја чека долго играње и пеење по долгата пауза.

Инаку, Сани во петок ќе пее во скопски ресторан,  но овој пат наместо внатре и пред гостите до маса, Сани ќе пее на отворено. (М.А)

Игор Џамбазов -Само една жена не ме изневери

Игор Џамбазов- актер, писател и шоумен пред триесет и повеќе години ја сретна девојката која беше неговата најголема љубов во животот. Тој веднаш се вљубил во неа, на прв поглед, а по цели триесет години, во емисијата „Еден на еден“, за прв пат зборуваше за неа и нивниот однос.

Во прашање е Тања Кочишки, која живела на 200 метри од Драмскиот театар, и која за жал, пред три години го напуштила овој свет. Џамбазов нејзе и ја има посветено и една од неговите најубави љубовни песни, Шал, а како што вели самиот, песната настанала на нивната прва средба, во една студена зимска ноќ, „додека бевме стистани пред нејзиниот влез“.

„Во знак на наша иднина си ги разменивме шаловите, јас и дадов жолто шалче што го носев околу вратот, а таа ми даде еден шарен шал, женски. Иако беше женски, јас го носев најмашки на свет!“, изјави Џамбазов кога беше гостин кај Жаре во неговата емисија „Еден на еден“.

Жената која никогаш не го изневерила?

Инаку, во интервјуто за Гламур магазин, Џамбазов откри и која е жената која никогаш не го изневерила.

„Еве и сега, додека во полулежечка положба одговарам на прашања, палецот од десната нога ми ја допира гитарата која лежи во креветот заедно со мене. Мојата гитара е жена која никогаш не ме изневерила…“ изјави во шега Џамбазов.

Тој деновиве се најде во центарот на вниманието поради неговата нова љубов.

Имено, додека ги минуваше деновите во карантин во Дојран, тој преку социјалните мрежи откри дека друштво му прави убавата планинарка Илина Арсова (37) со која во последно време се неразделни.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Добро утро, Македонијо...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Атраkтивната пејачка потроши половина милион евра за новиот албум

Популарната пејачка Маја Беровиќ работи напорно, и потрошила дури половина милион евра за нов албум, кој ќе излезе во продажба до крајот на месецот! Пејачката не жалеше пари кога станува збор за соработници и песни, а многу ја чинеше да сними 10 видеа, од кои повеќето се направени на егзотични дестинации.

 Точно е дека имам подготвено врвен албум наречен „Intime“, но не би сакала да зборувам за тоа колку чини. Има десет песни и снимив видео за секоја од нив пред да започне пандемијата. Однесов поголем тим во Доминиканската Република и направивме четири видеа таму, со многу додатоци. Снимавме неколку снимки во Германија, како и во Белград - вели Маја Беровиќ .

 Ова ќе биде мојот најдобар албум досега. Песните се различни и верувам дека публиката ќе ги сака. Покрај Јала Брата и Буба Корели, има и други автори чии имиња не би ги открила сега. Нема да имам никакви дуети на новиот албум, но сè ќе биде многу гламурозно.

Маја вели дека може да си дозволи ваков скап албум, без оглед на тоа што не настапила со месеци поради круната.

- Не сакам воопшто да коментирам за тоа колку пари изгубивме пејачите поради пандемијата. Најмалку треба да се жалиме, затоа што има толку многу луѓе кои се повеќе загрозени и живеат од први до први во месецот - вели поп звездата.

Беровиќ истакнува дека не се плаши од вирусуот, кој неодамна зафати многу луѓе од естрадата.

- Јас се придржувам до сите мерки, па како и да е. Верувам дека секој од нас има свој суден , така што сигурно нема да умрам  додека не дојде ојот суден ден. Единствено што ме мачи е што во моментот, поради пандемијата, не можам да ги одржам концертите што ги закажав, затоа што навистина ја сакав публиката  и додаде дека за време на карантинот ја донела својата линија до совршенство.

- Вежбав на терасата во изолација и изгубив дури 10 килограми. Јадев здраво за време на карантинот и тоа, во комбинација со вежбање, даде добри резултати - вели пејачката

Јелена Спенџарска-Не ја губи вербата и ќе видиш

Водителката елена Спенџарска е  активна на својот профил на Инстаграм каде што освен тоа што споделува фотографии од себе, пишува и пораки:

„Таму некаде, постои маж за кој ќе се омажиш еден ден.Сеуште не сте се сретнале, но тој постои, жив е и си го живее својот живот.

Можеби сега во овој момент е дома и гледа телевизија. Можеби се спрема да излезе надвор, како што се спремаш и ти, но во Белград. Или во Рим.Или во Чикаго....или можеби денес прави свадба со жената со која мисли дека ќе го помине целиот живот, и за која еден ден тебе ќе ти каже се.

Но, тоа сега не е важно.

Важно е дека е таму некаде, постои, прави некои секојдневни работи кои можеби еден ден ќе ги правите заедно, а можеби тој никогаш повеќе нема да ги прави откако ќе те сретне тебе.

Знам дека сега ова вака кажано и не ти звучи многу убедливо, но поентата е дека ПОСТОИ.

Верувај ми !

Еден ден...можеби уште утре, за месец или пет, ќе се сретнете и вашите животи ќе бидат променети засекогаш.

Не ја губи вербата и ќе видиш !„

Популарно