(Ексклузивно Видео) Заболени пациенти зборуваат пред камера

Новинарот Фуркан Салиу само што заврши со снимање на Инфективна клиника и пред малку сподели ексклузивно видео.

– Тие што сѐ уште не го сфаќаат коронавирусот сериозно, ги поканувам да го погледнат материјалот на Klan Macedonia. Интервјуа со пациенти кои се лекуваат, тие зборуваат и како се заразиле. Голема благодарност до доктор Фадил Цана којшто не само што работи без престан, туку и се грижи јавноста да биде информирана, што во ваква ситуација е многу важно. Благодарност и до директорката Милена Стевановиќ и министерот Венко Филипче за разбирањето – напиша Салиу.

Коментари

Популарно