Меган и Хари се прогласени за најголеми губитници

Меган Маркл и принцот Хари како што тврдат експертите, се прогласени за најголеми губитници во британското кралско семејство за време на траењето на пандемијата на коронавирусот.

Авторот на неколку изданија за дворецот, Фил Дампиер, смета дека тие двајца ја изгубиле приликата да го зајакнат својот имиџ откако се преселија.

-Мислам дека изолацијата добро му дојде на кралското семејство и неговите членови, тие постојано се промовираа и ги промовираа сите свои хуманитарни акции, освен за Меган и Хари. Тие испаднаа големи губитници во сето ова бидејќи сега тие испаднаа некој кој е целосно неважен во својата земја, изјави Фил.

Коментари

Популарно