Газдите на апартманите во Грција им мерат температура на гостите

Во Грција почна туристчката сезона со мал број гости. Најголем дел од туристите се од Србија откако грчките власти решија да ја отворат границата со Бугарија. Паралија, едно од омилените летувалишта на Македонците е празно поради строгите мерки со корона вирусот.

Лежалките се разместени на неколку метри а речиси секаде во затворен простор се задолжителни маски. Цените во маркерите и рестораните не се променети, па така популарното гиро и суфлаки чини од два до три евра.

Специјалните услови има и за газдите кои изнајмуваат апартмани. Тие мораат секојдневно да ги чистат просториите за гостите а биле принудени да набават специјални термометри за мерење на температура. Па така секое сабајле и навечер газдите на студијата со специјална опрема, ракавици , маски   визири им мерат температура. Доколку некој има покачена температура, или пак забележат дека не се чуствува најдобро должни се да го пријават во локалната амбуланта.

извор: kurir.mk

Коментари

Популарно