КЕКЕНОВСКИ: ЌЕ БАРАМ УКИНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ И СИТЕ НОСИТЕЛИ НА ФУНКЦИИ

Професор Јове Кекеновски од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека тој е скоро сигурен дека ќе влезе во Парламентот како пратеник.

„Целокупното мое искуство ќе им даде доверба на граѓаните да го дадат гласот за мојата коалиција, од причина што изминативе години сметам дека останав чесен и доследен на своите ставови“, изјави Кекеновски.

Според него, приоритет на неговата коалиција е промена на сите аномалии во изборниот законик и укинување на техничката влада.

„Исто така, не сакаме да имаме пратеници-платеници. Ќе бараме укинување на имунитетот на сите пратеници, како и имунитетот на сите носители на функции, судии, обвинители. Единствен што заслужува да има имунитет е Претседателот на државата. Ќе бараме и укинување на функцијата заменик-министер, затоа што тие се една безгласна буква“, вели Кекеновски.

Тој дополнува дека ќе бараат одговорност од главните политички партии и нема да коалицираат со нив.

„Македонија е трула и треба да ја освежиме со нови личности“, изјави Кекеновски.

Коментари

Популарно