Прелиминарната студија на пациенти хоспитализирани за Ковид-19 покажала дека болеста во некои тешки форми може да предизвика оштетување на мозокот

Најчести компликации биле мозочен удар, а главно станувало збор за исхемичен мозочен удар, т.е. крвно згрутчување во мозокот.

Прелиминарната студија на пациенти хоспитализирани за Ковид-19 покажала дека болеста во некои тешки форми може да предизвика оштетување на мозокот, да предизвика компликации како што се мозочен удар, воспаление, симптоми како што се психоза и деменција.

Ова се резултатите од првата детална студија за опсегот на невролошките компликации на Ковид-19, велат истражувачите, нагласувајќи ја потребата за посеопфатни студии со цел откривање на механизмите зад нив и олеснување на потрагата по лек.

„Ова е важен запис за компликациите поврзани со мозокот на Ковид-19 кај хоспитализирани пациенти. Многу е важно да се продолжи со собирање на овие информации за целосно да се разбере вирусот“, рекол коавторот на студијата, професорот на колеџот во Лондон, Сара Пет.

Студијата објавена во четвртокот во списанието Lancet Psychiatry детално испитале 125. случаи во Велика Британија. Коавторот, Бенедикт Мајкл, од Универзитетот во Ливерпул изјавил дека е важно да се напомене дека истражувањето било фокусирано на тешки случаи на заболување.

Податоците биле собрани помеѓу 2. и 26. април, додека бројот на пациенти во Велика Британија линеарно се зголемил.

Најчеста компликација бил мозочен удар, кој бил пријавен во 77. од 125. случаи. Од овие случаи, повеќето биле пациенти постари од 60. години, а повеќето биле исхемичен мозочен удар, т.е. згрутчување на крв во мозокот.

Студијата исто така покажала дека 39. од 125. пациенти покажале знаци на конфузија или промени во однесувањето, што исто така влијаело на нивната ментална состојба. Меѓу нив, девет лица имале неспецифични дисфункции на мозокот, односно енцефалопатија, а седуммина имале воспаление на мозокот, односно енцефалитис.

Мајкл рекол дека овие откритија се важен чекор кон дефинирање на ефектот на Ковид-19 врз мозокот. „Сега ни требаат детални студии што ќе ни помогнат да ги разбереме можните биолошки механизми … за да можеме да ги испитаме и можните лекови“, заклучил Мајкл.

Коментари

Популарно