Аца Лукас тврди дека таа е „таа е вистинската“

Аца Лукас ја пофали пејачката  Милица Павловиќ и според него таа е „најдобрата личност на сцената“. Во интервју за телевизијата Курир, фолкерот откри дека бил во жирито во „Звездите на Гранд“, кога се натпреварувала Милица и дека дури тогаш видел дека „таа е вистинската“.

– И реков дека можеби не е најдобра пејачка во таа постава, но она што е сигурно е дека  таа  ќе биде најголемата sвезда од сите нив.

Лукас се присети и на моментите кога тие ја снимиле нивната дуетската песна за која, исто така, имаат изработено и видеозапис.

– Таа ми кажа дека сè сама ќе организира, а јас само да се појавам. Така и беше. Луѓето кои ме познаваат знаат дека јас можам да снимам спот два часа и да си одам дома, но тој ден не го почувствував снимањето. Со неа сето тоа беше прекрасно, рече Аца и додаде кога сфатил дека Милица е пред сè човек.

–  Сите знаат дека таа многу е поврзана за нејзините баба и дедо, кои се од Лесковац, и кога завршивме со снимање околу 9 ипол навечер јас и реков: „Ајде да одиме на кафе“, а таа ми кажа дека мора да оди за Лесковец бидејќи наутро треба да го вози дедо ѝ во болница. Таа е добро дете, јас цела ноќ не спиев поради неа, и никогаш не сум сретнал таква личност во мојот живот.

Коментари

Популарно