(Фото) Антонио Милошоски дека е на клиниката за Инфективни болести

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски ја потврди веста која излезе во јавноста дека тој е на клиниката за Инфективни болести во Скопје.

"Почитувани пријатели,

Денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување.Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести.

Ваш, Антонио Милошоски"

Коментари

Популарно