Вучиќ разгледува целосно затворање на Белград поради коронавирусот

Српски Блиц открива дека Вучиќ вечерва може да објави дека целосно го затвора Белград поради коронавирусот. Б92 го пишува истото.

Како што пишуваат, тој вечерва ќе биде гостин на РТС и ќе објави нови мерки за Белград заради влошената состојба. „Блиц“ пишува дека неофицијално е потврдено дека вечерва размислуваат за повторно воведување на полицискиот час, но поверојатно е дека тој целосно ќе го затвори Белград, што би значело дека ќе забрани влез и излез од градот.

Вчера 8.626 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, 272 биле позитивни, а четири лица починале. Вчера е забележан најголем скок на бројот на пациенти на респиратори - од 42 на 73. Најголем број заразени со коронавирус се од Белград.

Б92 пишува дека според најновите податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Коментари

Популарно