(Фото) Дара стигна на море - ужива сама на плажа

Пејачката Дара Бубамара ја искористи можноста да замине на одмор, откако беа отворени границите, па веднаш ги почести фановите со опасни слики на социјалните мрежи.

Бубамара како дестинација за одмор ја избра Грција, каде што изнајми луксузен апартман, кој се наоѓа блиску до плажата.

Дара ја искористи можноста, па веднаш се пофали со  фотографии за да го покаже своето провокативно тело, а црното бикини ги покажа нејзините атрибути, па сите забележаа дека пејачката ослабела во претходниот период.

Како што е познато, пејачката сака луксуз, таа секојдневно објавува слики како пие коктели и јаде овошје.

Коментари

Популарно