Нов симптом на Kовид-19

Коронавирусот досега зарази повеќе од 10 милиони луѓе во целиот свет. Иако добро ги знаеме симптомите на вирусот, Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за еден важен симптом што не беше спомнат порано.

Според тврдењата на СЗО, алармантен симптом на коронавирусот може да биде и искашлувањето крв. Сепак, треба да се има предвид дека ова е многу редок знак на инфекција, но многу алармантен и се манифестирал во 1 отсто од случаите од 56.000 потврдени случаи на коронавирус.

Според Националната здравствена организација во Британија, крвта потекнува од белите дробови како резултат на кашлицата или инфекцијата на белите дробови.

Крвта може да биде светлоцрвена или во вид на исплукување (плунка) обоено со крв. Ова е алармантен знак на инфекција кај постарите лица и кај оние што пушат.

Ако сте искашлале крв, дури и само неколку капки, важно е за тоа да го информирате лекарот. Вообичаени причини за искашлување крв се долготрајната кашлица, инфекцијата на белите дробови или бронхоектазија.

Врската помеѓу коронавирусот и цигарите

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешко заболување и смрт од коронавирусот кај пациентите во болниците, иако не можеле да прецизираат колкави се тие ризици.

Во научните истражувања објавени оваа недели, здравствената агенција разгледала 34 објавени студии за поврзаноста на пушењето и ковид-19, вклучувајќи ја и веројатноста од зараза, хоспитализација, тешки болести и смрт, пренесува АП.

СЗО истакнала дека 18 отсто од хоспитализираните пациенти од коронавирус се пушачи и дека постои значајна поврзаност помеѓу тоа дали пациентите се пушачи или не и тежината на болеста што ја имале, типот на болничка интервенција што им била потребна и ризикот на пациентите од умирање.

– Расположливите докази сугерираат дека пушењето е поврзано со поголема тежина на болеста и смрт кај хоспитализираните пациенти што боледуваат од ковид-19 – наведуваат од СЗО и им препорачуваат на луѓето да престанат да пушат.

Коментари

Популарно