Пејачката тврди-Ако не можеш да добиеш чудо тогаш стани чудо

Ако не можеш да добиеш чудо тогаш стани чудо

Фолк пејачката Сања Ристеска не само што плени со нејзината физичка појава туку маѓепсува и со нејзиниот неодолив глас. Таа со задоволство за весникот ВЕЧЕР раскажа како успева секогаш да е во топ форма, но и за промените на естрадата поради моменталната состојба со коронавирус. Поради истата причина голем број музичари привремено останаа без вообичаените ангажмани, а сето тоа имаше одраз и врз нивната финансиска страна. А, еве што вели Сања во врска со тоа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hair up make @alekpallada

A post shared by Sanja Risteska (@risteskasanja89) on

– Ситуацијата е таква каква што е. Коронавирусот ги погоди сите сфери на општествениот и социјалниот живот, а кризата се чувствува насекаде. Нормално е дека стравот за финансиите постои, но стравот е релативна работа, нели? – ни откри пејачката.

Сања Ристеска

Иако генетиката е задолжена за нејзиниот изглед и фит става, Сања е од оние пејачки кои водат грижа за исхраната иако понекогаш знае да направи и некој грешен залак.

– Кондицијата ми е на завидно ниво иако периодов работите се движат со забавено и отежната темпо. Секој успешен и исполнет човек ќе најде начин и ќе твори и твори. Кажано во жаргон на големиот Ник Вуичиќ „Ако не можеш да добиеш чудо тогаш стани чудо“. Што се однесува до мојата витка става во овој период преовладува здравиот режим на исхрана, кој не претставува товар за мене, туку начин на живот. Во принцип сум прилично дисциплинирана што јадам, но секогаш постои понекогаш, па така знам да се почестам со омиленото парче храна. Паралелно на тоа применувам и умерена физичка активност, но пред сè генетиката е задолжена за мојот изглед, додава таа.

Освен што води грижа за нејзиниот изглед посветено работи и на нејзината професија, a наскоро ни најави нов нејзин проект. Но, таа е од оние на кои здравјето им е на прво место, па така строго ги почитува сите превентивни мерки, иако тоа влијае на разликата на настапите од оние настапи во кои имавме можност да уживаме порано.

– На почетокот на овој период акцент ќе ставам на реализација на мојот проект за кој сè уште нема да откривам детали. Што се однесува до настапите, постои голема разлика од порано, но правила се правила и мора да се почитуваат пред сè за наше добро, а тоа е здравјето, вели  Сања. (М.А.)

Коментари

Популарно