Видео: Објавен разговорот на Заев со лажната Грета: Ќе затвориме аеродроми, ќе населиме мигранти!

Според снимката, Заев вели дека е одличен предлогот на мигрантите да им се додели вдомување и работа во земјава, иако, како што вели, тие ги реферирале западните земји зашто тука не се живеело добро.

Руските пранкери Вован и Лексус денеска го објавија разговорот кој експремиерот Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“. Аферата беше откриена минатата есен, а владиниот советник за комуникации Марјан Забрчанец тогаш изјави дека бил разоткриен хибриден напад врз Кабинетот на премиерот и дека разговорот му бил сомнителен на самиот Заев, како и дека знаел оти станува збор за измама.

Тогаш снимката не беше објавена, но денеска, откако видеото се појави на ЈуТјуб, очигледно е дека експремиерот не бил баш свесен за измамата.

Како што може да се слушне од разговорот, Заев го напаѓа францускиот претседател Емануаел Макрон за кого се согласува со мислењето на лажната Грета дека е ужасен човек. Експремиерот, исто така, ѝ ветува на лажната Грета дека ќе ги затвори аеродромите поради нејзиното мислење оти на тој начин ќе се сопре загадувањето на воздухот, а во разговорот се вклучува и „таткото“ на Грета со кого Заев разговара за пушење марихуана.

Според снимката, Заев вели дека е одличен предлогот на мигрантите да им се додели вдомување и работа во земјава, иако, како што вели, тие ги реферирале западните земји зашто тука не се живеело добро.

Извор: https://plusinfo.mk/

Коментари

Популарно