(Фото) Раскина со Петар Стругар па му се намерачи на овој актер

Пејачката Милица Тодоровиќ ја прекина врската со актерот Петро Стругар пред почетокот на вонредната состојба заради корона епидемијата во Србија, во март годинава.

Како што и двајцата признаа, сфатија дека работите во нивната љубовв не се одвиваат добро, а сега пејачката одново фрлила око, ни помалку ни повеќе, повторно на актер! И тоа не било кој!

Микел Морено е актерот што го видовме во филмот „365 дена“, а многу жени ширум светот „се заљубија“ со неговиот изглед. Меѓу останатите и Милица. Српската пејачка во неколку наврати го сподели свои објави на Инстаграм колку  и се допаѓа Микел.

„Да се ​​разбереме, светот е полн со убави и згодни мажи. Микел, во овој момент, има среќа да биде главен актер во филмот „365 дена“ за кој сите зборуваат. Не знам дали тој е најголемиот фраер на светот, веројатно не, но однеодамна, барем што се однесува до мене, да“ – вели пејачка, па признава што најмногу сака на него:

„Не ми се допаѓа само физичкиот изглед, туку сè што научив за него, и првенствено дека тој е уметничка душа. Тој свири гитара, глуми и црта. Сакам луѓе кои се вистински уметници“ – се отвори Милица за српски Телеграф.

Коментари

Популарно