(Фото) Лила и кога одмора печали

На нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска и се смачи да седи во Скопје откако почна летото, па ги спакува куферите и му ја дувна надвор од границите на земјата.

За неа, море си е море и моментално ужива во луксузен хотел во соседна Албанија. Ама Лила и кога одмора може да заработи.

Па така, откако сподели серија фотографии од кои фокусот го стави само на себе, сега Лила на убав амбинет има простор и за промоција на спонзорите, односно сите оние кои ги рекламира како инфлуенсерка на Инстаграм.

Хеланки, накит, производи за лице и тело…

Навистина е умешна и успешна, ем се одмора, ем печели од објава по објава на својот профил кој го следат речиси 200 илјади.

Не за џабе двапати освои награда за инфлуенсер за годината, 2018, 2019, а и без титула јасно е дека тоа е таа и за невозможната 2020!

Коментари

Популарно