(Фото) Анастасија Ражнатовиќ со потресна објава која го кине срцето

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ секој ден ги потсетува своите фанови на својот татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан, а повремено објавува и фотографии со него на својот Инстаграм профил.

Овој пат постави фотографија, од своето најрано детство, а пораката едноставно го кине срцето.

„Јас сум принцеза на тато, иако мојот татко е на небото“, напиша Анастасија покрај фотографијата каде таа е бебе, а таткото ја држи во раце.

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ беше бебе кога нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан беше застрелан во центарот на Белград.

Во една прилика таа сподели фотографија преку која пред своите обожаватели покажа што му посвети на својот татко.

Имено, Анастасија позираше во тексас јакна на која е насликан нејзиниот лик како го гушка нејзиниот татко.

„Каде и да oдам што и да правам, ќе мислам на тебе. Ми недостигаш“, напиша таа под објавената фотографија.

Коментари

Популарно