Балканот станува депонија за отпадот од светските Ковид болници: Во БиХ увезени тони ѓубре од Италија

Сомнителeн отпад од светските Ковид болници завршил во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми. Отпадот се увезол преку ноќ, среде пандемија, ама со сите дозволи од кантоналните власти. Тие ги издале дозволите иако во Кантонот 10 нема фабрика за рециклирање. Компанијата што увезувала италијанско ѓубре „Кром рециклажа“ е регистрирана на адреса на општина Дрвар. Сета операција ја следат многу нерегуларности, повеќе прашања, но доминира една работа: дали мафијата за смет нашла нова депонија - Босна и Херцеговина?

 Во старата индустриска зона во градот Дрвар впрочем компанијата увезела илјадници тони ѓубре - наводно за рециклирање, на место каде што нема фабрика за такво нешто.

Случајот го откриле соседи, а италијанското ѓубре набрзо ги потресе сите нивоа на управување, од Дрвар, преку Ливно, до Сараево.

Ѓубрето е увезено среде пандемија од најпогодениот дел на Италија, Падова. Ова ги разгорува стравувањата на локалното население дека отпадот доаѓа од Ковид болниците.

Стравот е дека италијанското ѓубре ќе го уништи единственото нешто што им остана на луѓето од Дравар - чистата околина. 

И Македонија увезува отпад, па останува прашањето има ли опасност.

  

Коментари

Популарно