Што е сега ова, европска земја се откажа од носење маски?

Владата во Холандија соопшти дека нема да им препорача на граѓаните да носат заштитни маски за да се забави ширењето на вирусот затоа што нивната ефикасност не била докажана.

Наместо тоа, владата ќе побара од граѓаните подобро да ги почитуваат мерките на социјална дистанца, зашто бројот на заболени е во пораст неделава.

Министерката за здравје Тамара ван Арк кажа дека не е докажана ефикасноста на маските, иако сите препорачуваат да се користат.

„Затоа што од медицинска перспектива не е докажана ефикасноста на маската, кабинетот реши дека не постојат обврски за ноење на маски“, кажа таа во средата, по анализата на извештаите на Институтот за јавно здравје.

Коментари

Популарно