Маја Беровиќ неодамна го прослави 33. роденден, а многумина ја изненадија фотографиите на кои позираше во барби-стил.
Пејачката позираше пред голем број розеви балони, додека во рацете држеше торта во облик на срце, на кое пишуваше „Среќен роденден“.
Инаку, Маја во последно време работи под полна пареа, па даде половина милион евра за нов албум, кој до крајот на месецот ќе се појави во продажба.
Пејачката не жалеше пари кога станува збор за соработниците и песните, а плати и за 10 спотови, од кои поголем дел беа направени на егзотични дестинации.