(Фото) Дарко Лазиќ се преполови – еве како изгледа без маичка!

Дарко Лазиќ според објавите кои се појавуваат на Инстаграм ги минува топлите денови на река. Насмеан и без маичка, со гордост го носи секој белег кој му остана по операцијата.

Да потсетиме, пејачот неодамна пред камерите откри дека се преполовил, па покажа дека води сметка за тоа што го јаде, посебно по операцијата за намалување на желудникот.

Комплиментите на негова сметка постојано пристигнуваат, додека тој вели дека не планира тука да запре и сака уште да слабее.

„Ослабев многу, но знаете, треба уште! Треба барем уште 20 килограми да намалам“, порача Лазиќ.

Коментари

Популарно