(Фото) Луна пак беше на операција – еве што реши да корегира!

Луна Џогани, учесничката и поранешна победничка во Задруга, откако ги зголеми градите пред една година, сега направи уште една корекција.

Луна неодамна ги зголеми усните, но по интервенцијата се случиле компикации, па горната усна целосно се деформираше.

„На Луна сите и зборуваа дека усните и се убави и не треба да ги допира, меѓутоа, таа не беше задоволна. Постојано зборуваше дека сака поголем волумен и на крајот се реши да направи процедура за зголемување на усните“, открива нејзин пријател.

Сепак, се случила компликација, по што пејачката имала голем оток, но благодарение на облогите и лековите, тој брзо поминал. Меѓутоа, кога забележала дека усните и се деформирани, веднаш заминала на друга операција.

Коментари

Популарно