Видео: Респект-Маршот до Крушево го помина пеешки.

Еден од учесниците  во  Илинденската коњаница  беше  и Томе Саздов, Илинденската коњаница  традиционално  од Горно Лисиче го започна традиционалниот марш до Крушево.

Но, кобилата со која требалода патува Томе се повpeдила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине пешки.

Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри.

Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки.

“Кога трчаа и ја трчав, кога одеа и јас одев, од љубов за Република Македониј”, напиша Томе на неговиот Фејсбук профил.

Моментално коњаницата се наоѓа на пат кон Кривогаштани, а трасата досега изгледаше вака: Долно Лисиче, Петровец, Катланово, Велес, Долно Оризари, Чашка, Теово, Богомила, Ропотово.

Коментари

Популарно