Филипче: Oбезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид - 19

Досега обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирусот. 

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус.

„Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, додава Филипче.

Министерот објави и линк за тоа кој и како може да дарува конвалесцентна плазма.

Коментари

Популарно