(Видео) Калиопи објави снимка од човекот за кој рече дека ѝ го разубавел денот, но и животот

Македонската поп-дива Калиопи, на својот Инстаграм профил објави видео од мажот за кој рече дека ѝ го разубавел денот, но и животот.

Станува збор за српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој додека се возел на бротче ја слушал нејзината песна со која победи на Евровизија „Црно и бело“.

„Овој голем господин, со големо срце и глас, а мој голем пријател со овој поздрав ми го разубави денот, животот…И како човек да не биде среќен кога има вакви пријатели. Корона? Што? Молим?. Те сакам“ напиша пејачката во описот.

Под објавата веднаш одговори и Жељко.

„Јас тебе те сакам многу“.

Коментари

Популарно